ВМРО-ДПМНЕ: Нашите членови помагаа во поплавите, Заев се сликаше по кафулиња со девојки од Струмица

Од:

Лудилото и очајот во СДСМ завземаат драматични размери. Како што наближуваат изборите и сигурниот убедлив пораз на СДСМ, паниката која иницира напади нанекрофилија започнува да доминира на Бихаќка, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Нема граѓанин на Македонија кој не се срами од чистата некрофилија со која СДСМ срамно се обидува да собере некоја трошка меѓу политичките поени. Нема човек кој не смета дека се врв на дегутантност класичните обиди на СДСМ да ја злоупотреби трагедијата во која загинаа 22 луѓе.

Граѓаните знаат дека членовите и партиските функционери на ВМРО-ДПМНЕ беа на терен, меѓу армијата и волонтерите, помагајќи им на настраданите во поплавените подрачја во страшната природна катастрофа.

Граѓаните исто така знаат дека во исто време аболицираниот криминалец Зоран Заев се сликаше по кафулиња со девојки од Струмица. Затоа позерите од СДСМ се нервозни до критично ниво на некрофилија и злоупотребуваат трагедија без да имаат елементарно чувство за човечност и хуманост.

Но ниту една лага од нивната некрофилска фабрика за афери нема да го промени фактот дека обилконицата е проектирана во време на СДСМ. Овој проект и сите последици од него, колку и да сакаат некрофилите од СДСМ, не може да го препишат на ВМРО-ДПМНЕ.

На Бихаќка тоа добро го знаат и во очајна паника сламката на спасот ја бараат во повторување на една лага по сто пати, надевајќи се дека ќе стане вистина. Не станува. СДСМ ќе биде казнет од граѓаните за ваквото срамно однесување. Се што треба е да собере храброст конечно да се појави на избори, а не да бега од нив. Нема бегање од казната од народот. Таа доаѓа, 10-ти пат по ред“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?