ВМРО-ДПМНЕ: Нападот врз екипата на ТВ 21 е одраз на недемократскиот амбиент во Македонија

Од:

ВМРО ДПМНЕ најостро го осудува нападот и малтретирањето на новинарската екипа на ТВ 21. Насилното внесување на новинарската екипа во општинската зграда е мафијашки обид за грабнување кој покажува колку криминалците се чувствуваат моќно и колкава заштита имаат во власта.

Заканите за бришење на снимките се закани врз слободата на говорот и обид да се замолкне секоја критика врз ненародната власт. Нападот врз екипата на ТВ 21 е одраз на недемократскиот амбиент во Македонија во кој што медиумите се под постојан притисок од власта или структури блиски до власта.

Денешниот молк на министерот Оливер Спасовски и Министерството за внатрешни работи е доказ дека централната и локалната власт стојат зад насилниците.

ВМРО ДПМНЕ инсистира веднаш да се обелоденат виновниците за скандалот и истите да бидат изведени пред лицето на правдата. Јавноста треба да знае кои се партиските моќници што се обиделе да бришат новинарски снимки.

Кому му пречи објавување на критиките на жителите на Арачиново за неостварените ветувања на Зоран Заев на претходните избори ? Кому му пречи да се слушне гласот на обичниот граѓанин од Арачиново дека бил излажан и за ветената канализација и за водоводот и за целосната локална инфраструктура ?

Тоа што Зоран Заев и Стево Пендаровски цел ден не спомнуваат ниту збор за инцидентот, покажува дека заштитата на локалните насилници за нив е поважна од заштитата на демократијата и правото на слобода на говор.

ВМРО ДПМНЕ ги охрабрува медиумите да не подлегнуваат на политичките притисоци од страна на власта или насилници кои уживаат институционална поддршка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Колева: ДПМНЕ лаже, да беа чесни нема да создаваа паника и хистерија кај граѓаните

A1on

Шутаров: ДПМНЕ да не го кочеше проектот за БТР немаше денеска да зборуваме за катализма на ЈСП и јавниот превоз

А1он

Мицкоски: За скандалот со Онкологија треба да има и кривична, но и политичка одговорност затоа што не се постапувало најмалку 6 месеци и се дозволило да се губат човечки животи

Искршен автомобилот на Митева од ВМРО-ДПМНЕ

А1он

(ВИДЕО) Синот и внуците на Ахмети сакаат да градат фотоволтаична централа, бизнис од 35 милиони евра, велат од ВМРО –ДПМНЕ

А1он