ВМРО-ДПМНЕ: Наместо оставка, го именуваа директор, непресметлив и неспособен, спасете животи дајте си оставка

Од:

Унапредувањето на статусот на Стојанче Ангелов од в.д. во директор на ЦУК од страна на Владата е само по себе скандал. Човекот кој покажа дека ниту знае да менаџира ниту да управува со кризи да го унапредиш, наместо да го разрешиш и да поставиш компетентен лик е бесрамен потег на власта.

Не би сакале да веруваме дека Заев се опкружува со неспособни и непресмерливи ликови околу себе, само за да изгледа паметно и поспособно.

Ако сакате да спасите животи, ставете друг човек наместо Ангелов. Ангелов ако навистина и мисли добро на Македонија доблесно нека си замине и нека отстапи место на некој кој е способен, оти вака свесно или не е глинениот гулаб на Заев, велат од ВМРо-ДПМНЕ по именувањето на Ангелов за директор на ЦУК.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Двајца странци заглавиле на врвот Приберг на Шар Планина, извлечени од косовска страна

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите