ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните органи да се произнесат дали Марија Калешов може да директорува со установа во која учат малолетни деца

Од:

„Златко Марин и неговата администрација конечно вчера се одважија да признаат дека Марија Калешов е незаконски поставена директорка во училиштето „Александар Македонски“. Им честитаме за чинот!

Со самото тоа што признаа дека е вработена од самото пуштање во употреба на училиштето во септември 2013, тие впрочем потврдија дека сега именуваната директорка нема 5 години работно искуство во наставно-образовниот систем и со тоа не ги исполнува условите за да раководи со училиштето.

Ова именување на директорка на основно училиште која не ги исполнува условите да раководи со образовна институција во која учат стотици малолетни деца, е сериозен предмет кој би требало да биде разгледан од страна на државниот инспекторат за образование.

Ги повикуваме надлежните органи да направат ревизија на именувањето на актуелната директорка, да го истражат детално случајот и веднаш потоа да се произнесат дали Марија Калешов ги исполнува условите да директорува со установа во која учат нашите малолетни деца.

Ова е класичен пример на именување и назначување на партиски послушници од страна на Златко Марин и СДСМ. Ваквиот начин на раководење со власта им е добро познат на граѓаните.

Родителите на децата кои учат во училиштето заслужуваат одговор од надлежните органи“, изјави Васко Василевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ се мачи да го одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање – предавството на Македонија, мигранти за пари

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Кој ќе ја поддржи Резолуцијата, нека знае што следува

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ-мигранти за пари, проект за железница со пари од договорот со Британија

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски