ВМРО-ДПМНЕ: На овој бандитизам во управувањето со државата треба да му се стави крај

Од:

„Драги Рашковски и СДС се однесуваат како државата да е нивна приватна сопственост, а институциите нивни приватни фирми.

Останува сомнежот дека фирмата на кумот на Рашковски е новата перална на пари преку која се изпумпуваат парите од буџетот во приватните џебови.

Драги Рашковски го ангажираше својот кум Дејан Костиќ како правен застапник на Генералниот секретаријат на владата но и на неколку други институции.

Дејан Костиќ, кумашинот на Рашковски и неговото адвокатство друштво КВЦ, Костиќ, Велковски и Цветаноска е формирано пред неполни два месеца, на 27. јули годинава, а по само неколку дена добива огромен број ангажмани од владини институции што фрла сомнеж дека ова е намерно направено се со цел да се цицаат парите од државните институции.

Со доаѓањето на новата власт на СДС новата и со дрската и безобрана смена членовите на Надзорните и Управните одбори освен претставници од Владата, на седниците во овие фирми присуствувале и адвокатите од адвокатското друштво КВЦ.

Ова е ново воспоставена пракса при промена на управувачките органи на седниците да присуствуваат надворешни правни консултанти и ова е прв ваков случај досега.

Од она што јавноста го знае досега оваа адвокатска канцеларија за неколку часови давање услуги наплаќаше неверојатни 36.788 денари како и 10.500 денари што значи класично инпумпување на средствата од буџетот.

Ова е чиста кражба на народни пари. Се плаќаат државни пари на фирмата на кумот на Рашковски за правни работи за кој веќе постои државна правна служба каде има вработени.

Тие немаат намера да работат за доброто на граѓаните, туку за својот личен комодитет и интересот на нивните фамилијарни-бизнис кланови.

На овој бандитизам во управувањето со државата треба да му се стави крај.

Затоа Граѓаните на 15-ти октомври, ќе кажат НЕ, за бандитизмот, непотизмот и неодговорноста“, изјави Бојан Стојановски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски