ВМРО-ДПМНЕ на нов протест пред Министерството за здравство: Имаме 4150 починати лица, тоа е како да го снема Крушево

Од:

Со повик за оставка на министерот Венко Филипче и повторно со фрлање балони со вода кон зградата, Градски Комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Да го измиеме срамот на Филипче“ одржа нов протест пред Министерството за здравство.

„Горе десно има човек кој што ја снима толпата која што протестира, видете што им е приоритет, наместо да се растрчаат по светот и по Европа за да обезбедат вакцини за македонскиот народ. До денеска до овој момент имаме загубено 4.150 граѓани на Република Македонија. Тоа е како преку ноќ да го снема Крушево, Вевчани, некои помали градови. А, она што е најтрагично е што таа стапка не се намалува. Па можеме да видиме секој ден по социјалните медиуми дека некој бара помош за да се лекува, да се собираат донации, луѓето се почесто ни кажуваат дека не сакаат да ги отворат социјалните медиуми заради тоа што личат на некролози. Приморани сме поради овие неспособни луѓе секој ден да се збогуваме од наши блиски роднини и пријатели“ – рече на протестот пратеникот Бојан Стојаноски.

„Поздрав за припадниците на МВР, кои наместо да одат и да ловат нарко босови и шверц на дрога ги натерале да бидат тука и да го чуваат Венко. Од што се плашиш Венко? Тука сме четврта сабота за да им порачаме да дадат оставка, а им ја бараме затоа што не им текнува, а ако дадат оставка ќе го немаат хиликоптерот да се провозат, нема да им се затвораат планини за да се возат со моторни санки или да им затвораат автопати за да се возат со скапите мотори. Минатата сабота се обидовме да го измиеме срамот и стигнаа пораки зошто со толку малку балони вода сме го миеле срамот, па велам ако они прават симулација на вакцинирање ние можеме да пробаме симулација на миење на срамот“ – порача претседателот на Граскиот комитет Владимир Нелоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски