ВМРО-ДПМНЕ: Морбидно е да се слуша СДС како ликуваат за пожарите низ државата

Од:

Морбидно е да се слуша СДС како ликуваат за пожарите низ државата. Како со душа да чекаат на државата на и се случи немил настан, за СДС да се јави и од тоа да прави теми за прес-конференции и за себе промоција. Пожарите, на овие екстремно високи температури, не се проблем само во Македонија, туку целиот регион и држави членки на Европската Унија се соочуваат со огнени стихии, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дополнително, освен тропските температура, во државата сериозен проблем претставува намерно подметнувањето пожари. Но, и покрај се, борбата со пламените јазици продолжува со сите материјални и човечки ресурси, службите и пожарникарите се постојано на терен и даваат натчовечки напор за да спасат што е можно поголеми површини.

Друго, кога СДС вика дека државата нема соодветна опрема за справување со пожарите, тоа е всушност нивно признавање дека за седум години власт оставија пустош зад себе и не вложиле во нова опрема, како ни противпожарните единици, така ни во други витални институции.

Тоа што СДС уништи и остави пустош по институциите, не може да се среди за една година. Потсетуваме на уште нешто, во период на владеење на СДС, додека пожари беснееја низ државата, Зоран Заев и Венко Филипче без никакво чувство на грижа и одговорност, се сончаа по грчките плажи.

Затоа, СДС нека каже каков е тој нивен патриотизам кој ликува на кога немили настани, како пожарите, им е случуваат а и кога тие беа на власт, наместо да се борат да ги изгаснат, се ладеа во морските води на Егејот. Сега, за разлика од тогаш, сите служби се на терен, се даваат натчовечки напори, се користат сите ресурси и сите пожари, од кои добар дел подметнати, се ставаат под контрола и навремено се гасат, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ

Ученичка од осмо одделение запали училница, со чекан тепаше деца, хорор сцена во училиште во Русија

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите