А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски да одговори за злоупотребата на службено возило

by А1он17/08/2018 - 08:5517/08/2018 - 12:27178
Share0

„Продолжува низата од скандали на злоупотреба на службени возила од страна на оваа криминална власт.

Следете a1on на Instagram Instagram

После скандалот со злоупотребата на службеното возило на министерство за внатрешни работи од страна на ќерката на Директорот на БЈБ, Лазе Велковски за патување на одмор во Грција, и после користењето за приватни цели во Охрид на службеното возило од страна на шефот на единицата Алфи, Примислав Димовски, вчера македонската јавност беше сведок и на уште една злоупотреба на службени возила.

Имено се работи за возило на министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство кое минатиот месец, поточно на 9.07.2018 управувано од лицето Н.Б. од Виница направило сообраќајна незгода и целосно го уништил возилото.

Министерот Николовски треба да и одговори на јавноста на неколку прашања:

Следете a1on на Youtube YouTube

Дали лицето Н.Б. имало патен налог и дали истото смеело да управува со службено возило од министерството?

Како се случило лице со договор на дело да има службено возило кое го уништил?

Кој дозволил ова лице да управува службено возило?

Со каква цел и каде било испратено ова лице и дали сообраќајната незгода се случила надвор од работно време?

Дали и кој ќе ја покрие штетата направена од оваа сообраќајна незгода, штета која што може да се забележи од фотографиите е голема, бидејќи возилото е целосно уништено?

Зошто министерството и МВР молчеле цел еден месец?

Збеснатоста на владата ја плаќаат граѓаните.

Министерот Николовски веднаш да понесе одговорност за овој случај. Ова криминално лудило на оваа власт мора да престане.

Овој скандал како и сите претходни за злоуптреба на службени возила на штета на граѓаните не смеат да помина неказнето. Сите прекршувања на законот, сите злоуптреби на власта ќе одговараат и понесат одговорност. Оваа криминална влада мора да замине“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnevlada

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Горан Наумовски27/10/2026 - 16:17

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

Горан Наумовски18/10/2026 - 11:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео