ВМРО-ДПМНЕ: Македонија има право да биде разочарана

Од:

Македонија го направи максимумот за да ја изрази својата подготвеност за влез во Унијата, вчера ЕУ пропушти шанса да даде понатамошна поддршка за стабилизација и интеграција на целиот регион на Западен Балкан, а Македонија има целосно право да биде разочарана од непринципиелните одлуки, смета владејачката ВМРО-ДПМНЕ после фијаското на вчерашниот Совет на министри во Брисел.

– Моделот кој го предложи Комисијата, за нас беше прифатлив и ние го сторивме нашиот максимум да ја изразиме нашата подготвеност за имплементација на тој модел. Тој модел бараше преку т.н. паралелни преговори, да се создаде конструктивна атмосфера и услови за брза имплементација на реформи и овозможување услови за паралелно решавање на спорното прашање за името кое го наметна нашиот јужен сосед. Овој модел беше добра можност за двете страни да ја изразат својата конструктивност во процесот и да продолжат понатаму кон заедничката идеја интеграција на регионoт во ЕУ – рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што истакна Димовски, на Македонија вчера повторно ѝ била направена неправда од страна на Грција, но тоа немало да биде пречка да продолжат да ги спроведува реформите и да се имплементираат европските стандарди.

– Вчерашните одлуки во Европската Унија се плод и израз на неконструктивноста на нашиот јужен сосед, кој наспроти декларативните заложби за поддршка на проширувањето на ЕУ, повторно не смогна сили субјективниот интерес да го стави на страна и под регионалниот и општиот интерес. Грција со ова повторно ја доведе во ситуација ЕУ да не го почитува меѓународното право, гледано во светлина на Хашката пресуда на Меѓународниот суд за правдата. И тоа токму во време кога ЕУ ја добива Нобеловата награда за мир – вели Димовски.

Тој им се заблагодари на земјите поддржувачи на Македониија, а на СДСМ им порача „наместо меѓусебни обвинувања внатре во државата, зацврстување на консензусот за позициите на Република Македонија, кои се базирани на принципиелноста“.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери