ВМРО-ДПМНЕ: Локвенец доби задача со лаги да ги покрива фактите и безидејноста на Заев

Од:

СДСМ продолжуваат со својата деструктивна политика базирана на манипулации. Никогаш СДСМ немале аргументи, а уште помалку капацитет на граѓаните да им понудат конкретни проекти со кои би ја обезбедиле нивната поддршка. Затоа Хари Локвенец и овојпат доби задача со лаги да ги покрива фактите и безидејноста во која тоне партијата на аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Фактите се следни:

– Невработеноста во 2015 година е сведена на најниско историско ниво од 24,6 отсто

– Македонската економија минатата година оствари највисок раст во регионот и еден од најдобрите економски резултати во Европа

– Изминатата година се работеше на изградба на 400 километри патна мрежа, на изградба на три автопатишта, на реконструкција на две автопатски делници, на регионални и магистрални патишта

– Активно се градеше пругата кон Бугарија, а се работи и на изготвување на проект за пруга кон Албанија

– Се градеа нови и се реконструираа основни и средни училишта

– Се инвестираше во нова медецинска опрема во болници

Кога СДСМ полагаше завршни сметки книжеше проекти како ТАТ, затворени работни места и пропаднати инвестиции од типот на пругата кон Бугарија. Стотици илјади уништени семејства и безброј затворени фирми е единствениот резултат во завршната сметка на СДСМ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Хари Локвенец.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина