ВМРО-ДПМНЕ: Кривична одговорност за Бочварски и Ковачевски, штетата од 6,5 милиони евра на Буџетот на државата да ја платат од сопствениот имот

Од:

„Неспособноста на власта на СДСМ и ДУИ повторно излезе на виделина. 6,5 милиони евра државата платила за пенали поради нереализација на пругата, втората делница кон Бугарија. Ем нема пруга кон Бугарија, ем 6,5 милиони евра помалку во Буџетот. Бочварски, но и Ковачевски мора кривично да одговараат за оваа штета врз Буџетот на Македонија, како и штетата да ја платат со сопствениот имот. Одговорност за ова катастрофално работење мора да има“. Ова е ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението од партијата се вели и дека „министрите од оваа криминална власт ги бива само за сликање и потпишување на протоколи за соработка со соседите, но целосно се неспособни да изградат еден километар железничка пруга. Помпезно најавуваната изградба на пругата како дел од добрососедските односи со Бугарија остана заглавена во Протоколот со направена милионска штета врз џебот на граѓаните“.

„Со 6,5 милиони евра кои државата ги даде за камати и пенали можеа да се набават десетици патнички вагони, лакомотиви, а можеа да се реконструираат и десетина километри од железнички пруги во Македонија. Недомаќинското работење со државните пари, граѓаните ќе го казнат на следните парламентарни избори. Секој украден денар од Буџетот ќе биде вратен и секој кој украл од граѓаните ќе одговара“ обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник