ВМРО-ДПМНЕ: Криминалниот картел на Заеви ја узурпираше државата

Од:

„Криминалниот картел на Заеви ја узурпираше државата и ја однесе на работ на амбис. СДСМ во текот на утрешниот ден планира да ја задолжи државата за нови 16 милиони евра.

Триото Заев-Тевдовски-Анѓушев додека секојдневно ја уништуваат економијата во Република Македонија, ги задолжуваат граѓаните со милионски суми.

Најавеното ново задолжување во текот на утрешниот ден во висина од 16 милиони евра е уште еден показател дека оваа Влада на СДСМ нема капацитет да ја води државата.

За првите 3 месеци во оваа година криминалниот картел ја задолжи државата за нови 300 милиони евра. За само 2 недели СДСМ ја задолжи државата и граѓаните за над 25 милиони евра.

Психолошката граница на јавниот долг од 5 милијарди евра е помината. Граѓаните се во страв и паника за сопствената иднина и иднината на своите деца. На Република Македонија и се случува економско цунами.

Секојдневно сме сведоци на нерационални задолжувања, а нови проекти нема. Нема нови инвестиции, нема нови работни места, нема повисоки плати, пензии и стипендии, нема нови болници, градинки, училишта и студентски домови, нема нови инфраструктурни проекти.

Зоран Заев и останатите од картелот не кажуваат каде завршуваат овие милионски суми со кои ги задолжуваат граѓаните.

Ветуваа живот, создадоа криминален картел.

Криминалниот картел што ја узурпираше државата мора да се разбие и да падне. Граѓаните заслужуваат подобро“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош