ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски требаше да одговори дали вчера на стадионот во Чаир го прашал Џафери по кого пцуел во Собранието

Од:

Денес пред новинарите Димитар Ковачевски требаше да одговори дали вчера на стадионот во Чаир го прашал Талат Џафери по кого пцуел во Собранието на Република Македонија реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ковачевски можел да го праша Џафери на кого му се обратил со погрдните примитивни навреди во текот на сите 120 минути од натпреварот во Чаир и прославата на ФК Шкупи, кои Ковачевски ги следеше со другарите Али Ахмети, Артан Груби и Талат Џафери, како и навивачката група Шверцери. Ковачевски пред новинарите се прави недоветен дека не можел да искоментира примитивни пцовки од Претседател на Собрание бидејќи не знаел кој со кого зборува, а потоа оди на фудбалски натпревари со него. Таквото однесување на Претседател на Собрание е понижувачко за државата и срамно, без оглед дали се обраќа на колега пратеник или на хигиеничарите кои работат во Собранието. Тоа што премиерот Ковачевски избегнува да го осуди ваквото поведение на примитивецот од Форино само покажува кој ја води оваа држава и пред кого коленичи Ковачевски се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина