ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски наместо да се извини на граѓаните, одбра да лаже на ден пред заминување од функција

Од:

Димитар Ковачевски на ден пред заминување од функцијата премиер, наместо да собере храброст и да им се извини на граѓаните за сите лаги, манипулации и неправди, одбра да лаже. Наместо година на европски можности, за владата на СДС и ДУИ 2023 година беше година на криминал, корупција, скандали, афери, тендери, како и сите овие 8 години, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија со СДС, ДУИ и Ковачевски тоне на секое поле. Да беше толку “успешна“ владата на Ковачевски, немаше земјоделците изминатите 8 години да протестираат поради слаб откуп и ниски цени секоја година. Да беше толку “успешна“ владата на Ковачевски ќе обезбедеше навремено учебници за учениците. Да беше толку “успешна“ владата на Ковачевски ќе обезбедеше лекови за сите граѓани, а не само за неколкумина, или пак ќе ги изградеше Клиничките центри во Скопје и Штип, или пак ќе ги задржеше докторите во државата, наместо тие да си одат. Да беше “успешна“ владата на Ковачевски за 8 години ќе го доизградеше автопатот Кичево Охрид, наместо само да потпишува анекси за милионски суми, или пак Скопје-Блаце, чија изградба е само 2 километри или пак ќе ја изградеше железничката пруга до Бугарија, или експресниот пат од Градско до Прилеп. Да беше “успешна“ владата на Ковачевски до сега ќе бевме земја која почнала преговори со ЕУ, наместо земја понижени пред другите земји од соседството и членките на ЕУ“, велат од опозицијата преку соопштение.

Од таму посочуваат дека половина од функционерите се на црната листа на САД и тврдат дека 600.000 граѓани живеат на прагот на сиромаштијата.

„Ковачевски е најслабиот премиер во независна Македонија кој на нелегитимен начин беше поставен, за да ги исполнува барањата на Ахмети и ДУИ. Ковачевски не учествувал на избори и затоа не е свесен за своите неуспеси, но неговото заврши. Владата на СДС и ДУИ е криминална и коруптивна. Нема никаква европска вредност во владата на СДС, ДУИ и Ковачевски. Ковачевски секогаш кога сака да се затскрие зад својот криминал и криминалот на ДУИ се фали дека владата му била европска. Со СДС и ДУИ никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме. Граѓаните на 8 мај ќе изберат нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, нова надеж и нова иднина“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова прифаќајќи да биде кандидат за Скопје само му излезе во пресрет на Филипче

А1он

СДСМ: Колапс во ЕСМ – ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ: Кампања „Македонско најдобро“ за купување домашни производи, Владата предводена со конкретни мерки и проекти го поттикнува македонското производство

СДСМ: Власта да не си игра со безбедноста на македонското небо, бараме поништување на срамниот оглас во М-НАВ

Предраг Петровиќ

Информациите дека наводно Мицкоски барал бугарски пасош се производ на бугарската пропаганда, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Радикални структури се обидуваат да предизвикаат вештачки конфликти со симболите на државноста и борбата, вели Мицевски