ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Зечевиќ од себични, лични и профитерски причини бегаат од избори

Од:

Ковачевски и Зечевиќ се плашат од избори, бегаат зошто го штитат криминалот и тендерите, но не демантираат дека пратениците им бараат избори велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ковачевски и Зечевиќ бегаат од избори, така ги штитат тендерите и броилата за профити, се повеќе пратеници од СДС се свесни дека изборите се решение. Ковачевски и Зечевиќ знаат дека во СДС повеќе се за избори, зошто не гледаат излез во нивните политики кои ја донесоа Македонија во ќорсокак. СДС не демантираше дека пратениците бараат избори, зошто нема што да се демантира се е вистина. Ковачевски и Зечевиќ се осамени, тие си ги штитат своите кариери, зошто знаат дека народот нема да ги избере на избори, а потоа ќе треба и да одговараат. Ковачевски бега од избори и за да може неговиот кум и фирмите од неговото потесно семејство уште некој месец да се шират низ Македонија. Ковачевски и Зечевиќ од себични, лични и профитерски причини бегаат од избори. Македонија е заложник на нивните кариери и на нивните газди од Зајас и Струмица се наведува во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина