ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Пендаровски да не кријат и јавно да кажат кои странски агентури влијаат на односите со Бугарија

Од:

Поданичкиот однос на владата допринесе Македонија да биде понижувана од Бугарија. Веднењето на кичма е причина на барањата на Бугарија кои секој ден се се повеќе велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Македонија не смее повеќе да биде ставана на позиција за поткусурување по потреба на Ковачевски и Османи. Затоа бараме: Прво, власта на Ковачевски и Пендаровски да не ги крие и јавно да ги каже кои се тие агентурни мрежи и странски агенти кои работат на преку здруженија и фондации за поттикнување на антижакедонски ставови. Второ, финаниските институции да го проверат финансирањето на дел од овие здруженија и потеклото на парите, бидејќи со овие здруженија се шири антимакедонска политика. Трето, владата да се заинтересираат за делувањето, целта и постоењето на бугарско здружение во Корча, соседна Албанија, каде што во целата област живее мнозинско македонско население. Зошто досега не се побарани одговори за ова ниту од Еди Рама, ниту од властите во Албанија на кои начин дозволуваат да се негира постоењето на македонското национално малцинство во Албанија кое што таму живее со векови. Четврто, владата досега нема ниту една посериозна реакција во однос на било кое отворено негирање на македонската нација, историја и јазик. Затоа постојат македонски институции и тие мора да се спротистават на отворената кампања против Македонија. Петто, бараме македонската влада да побара доследно спроведување на пресудите добиени во судот за човекови права во Стразбур во насока на заштита и признавање на засебноста на Македонците во Бугарија, нивното право на здружување, нивното право на учество на избори, нивното право на образование на мајчин јазик како и нивното право на национално определување како Македонци. Должност е на Македонија да се грижи со сета сила и аргументи за правото на сите Македонци каде и да се наоѓаат се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”