ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Пендаровски да не ги штитат и да ги кажат странските агентури, кои стојат зад тензиите со Бугарија

Од:

Ковачевски и Пендаровски се уште молчат пред македонската јавност, за тоа дека странски агентури работат и стојат зад тензиите помеѓу Македонија и Бугарија. Тие треба да престанат да ги штитат и јавно да ги кажат велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Самото молчење од нивна страна повлекува повеќе прашања и нејаснотии. Ако ова е вистина, зошто транспарентно не излезат да соопштат кои се тие лица и агентури, кои отворено работат против државата или можеби некој од власта ги штити? Исто така во случај да се работи за несреќна изјава на Пендаровски, односно тоа што го кажа ако не е вистина, која е причината? Причината е да се скрие и да се замајува јавноста од неспособноста на Пендаровски и владата, да ги штитат националните интереси на Република Македонија. Дали Ковачевски и Пендаровски работат за интересите на странските служби кои ги подбуцнуваат инцидентите се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицевски: Од Венециската комисија очекуваме стручно, независно и објективно мислење за измените на Законот за правосудниот испит

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се сретна со Рама без македонско знаме, а средбата ја премолчи пред јавноста

Стојаноски: Ќе ја поддржиме иницијативата на Пратеничката група на СДСМ за вонредна седница поврзана со семејното насилство

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Обвинителството за пуштањето на осомничениот за нападот врз Сара

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски