ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ ќе бара мислење од Венецијанската комисија за договорот со Грција

Од:

Венецијанската комисија ќе треба да се изјасни за договорот со Грција по барање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, најави пратеникот Драган Данев. Според него, злоупотребени се процедурите, а прекршени се законите.

„Ако овој договор е толку добар за Република Македонија, зошто Владата бега од дебата? Ова е самоволно и шверцеско однесување на власта. Ова е трет случај на грубо непочитување на процедурите. Првин изборот на Џафери за т.н. претседател на Собранието, потоа законот за двојазичност, па сега договорот со Грција. Зошто договорот со Бугарија се разгледуваше во Комисијата за надворешни работи, а овој во Комисијата за европски прашња? Затоа што власта сака да го протурка на мала врата“, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.

Данев повтори дека точно е пропишано каде се употребува европското знаменце. Употребата на европското знаменце на договорот со Грција е злоупотреба, тврди пратеникот.

„Власта на Зоран Заев не сака да ги чуе критиките на јавноста. Зошто прифати договор што го менува Уставот и го уништува идентитетот, зошто прифати модерен геноцид – на овие прашања Заев одбегнува да одговори“, додава Данев

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека Владата предводена од СДСМ знае дека со начинот на кој постапува го крши Уставот и нема да добие легитимитет.

„Седницата за пратенички прашања закажана за утре е против Деловникот и се надевам дека ќе биде одложена“, додава Данев.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата