ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева е избрана за Специјален јавен обвинител да работи непристрасно и професионално

Од:

ВМРО-ДПМНЕ испрати писмена реакција на изјавите на Катица Јанева.

„Катица Јанева е избрана за Специјален јавен обвинител за да работи непристрасно и професионално, исклучително по закон.

Нејзиното тврдење за Макфакс е неточно и повеќе политичко со намера да се наштети на угледот на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Никола Груевски. Изјавата на Катица Јанева не е поткрепена со ниту еден аргумент.

Најостро демантираме дека Претседателот Никола Груевски „се обидувал на сите можни начини да одбие да ги подигне поканите за распит“. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги почитувал и ќе продолжи да ги почитува законите и институциите на Република Македонија. Тој никогаш не одбил да прими покана“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ