ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Штип е вмешан во корупциски скандал

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека кандидатот на СДСМ за градоначалник на Штип, Здравко Коцев, е вмешан во корупциски скандал. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски на прес-конференција рече дека Коцев како директор на јавното претпријатие Исар без одлука на општината префрлил 388.291 денари на боречкиот клуб „Балканец“  каде ја извршува функцијата претседател.

– Дури и СДСМ вчера преку соопштение призна дека она што го говориме е вистина, односно дека нивниот кандидат за градоначалник префрлал на клубот Блаканец. Фатени во тесно, тие ја намалија на 300 000 денари сумата која ја добил боречкиот клуб на Коцев, рече Бичиклиски, додавајќи дека на останатите клубови се префрлени помалку средства.

Презентирајќи го документот, Бичиклиски истакна дека тие пари се собрани од граѓаните на Штип, преку плаќање на таканаречениот спортски данок.

– Тоа што СДСМ се става во одбрана на Здравко Коцев ги прави сооучесници во овој корупциски скандал. Тие се должни да одговорат на јавноста за што се потрошија овие пари?Според кои критериуми највеќе пари се доделени на клубот на сегашниот нивен кандидат за градоначалник Здравко Коцев и дали парите за спонзорство на клубот на Здравко Коцев се всушност пари за спонзорство на СДСМ?, нагласи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски рутинска работа ја претставува како дипломатска победа

Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут“, бара СДСМ

СДСМ: Додека Кошта ја кажува вистината за ЕУ, власта отвора предмет за Богоев

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: Две години ветувања, нула резултати – граѓаните плаќаат за економскиот неуспех на Мицкоски