ВМРО-ДПМНЕ: Каматната стапка на парите од Унгарија е двојно помала од еврообврзницата што ја зедоа СДСМ и ДУИ

Од:

Минатата година владата на СДС и ДУИ обезбеди евро обврзница од 500 милиони евра со каматна стапка од 7%. Парите обезбедени од Унгарија се со каматна стапка од 3.25% или повеќе од половина помалку од таа обезбедена од Владата на СДС и ДУИ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Година и пол по еврообврзницата на СДС, државата нема ништо направено, парите отидоа во приватни џебови. Додека половина милијарда од Унгарија, половина ќе бидат за кредити за компании и за стопанството, другата половина за општински капитални проекти и развој на локалната самоуправа. СДС вели дека е загрижена дека ќе се зголеми јавниот долг над 65 проценти. Владата на ВМРО-ДПМНЕ е со стаж од помалку од еден месец, што значи дека СДС јавно призна дека поради неодговорното и криминално владеење на Заев, мали Заев и неврохирург на СДС Венко Филипче долгот го зголемиле до енормни граници. Разликата е што сега овие пари ќе се трошат одговорно и домаќински, наместо на сомнителни тендери завршувајќи во приватни џебови, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски