ВМРО-ДПМНЕ: Како меур од сапуница се распрска лагата на СДСМ за фантомските гласачи

Од:

Во реакцијата на прес-конференцијата на потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски, ВМРО-ДПМНЕ посочува дека како меур од сапуница се распрскала големата лага со која СДСМ две години ги уценуваше граѓаните и ја држеше во заложништво цела држава.

– Денес на сите во Република Македонија им е јасна како ден една работа: нема „фантомски“ гласачи, освен ако СДСМ за фантоми не ги смета нивните екс-функционери Јани Макрадули, Гордан Георгиев и Благој Ханџиски, поранешниот претседател на СДММ Дарко Давитковски, сестрата на најпоразуваниот политичар во Македонија Радмила Шекеринска, невладината балерина на СДСМ Мирјана Најчевска, балансираните новинари Ерол Ризаов и Ида Протуѓер, Фиат и Сефер Цаноски, сестрата и внукот на Катица Јанева – Лиле и Ѓорге Делиџакови, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Со ова, стои во соопштението, потонаа и последните лаги на СДСМ кои започнаа уште пред изборите во 2014-та година кои Заев и СДСМ ги прогласија за нерегуларни во 19:01 со изговор дека „фантомски гласачи“ им ја украле победата.

– Она што го знаеја и малите деца, денес им се обистини и на најголемите поддржувачи на СДСМ: не постојат фантомски гласачи и за поразите на СДСМ е виновен само СДСМ и никој друг. Граѓаните 10 години не му даваат на СДСМ да мрдне од опозиција затоа што освен ваквите бесрамни лаги и деструктивните сценарија, СДСМ нема ништо да им понуди на граѓаните, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека срамот на СДСМ ќе му стои засекогаш, а десеттиот пораз по ред ќе му биде врачен на 5-ти јуни од страна на граѓаните кои СДСМ ги држеше како заложници и ги манипулираше цело време.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина