ВМРО-ДПМНЕ: Јанева и СЈО се претворија во карикатура

Од:

„Катица Јанева и Специјалното јавно обвинителство се претворија во карикатура, заради понизноста во извршувањето на политичките нарачки.

Никој веќе не верува во нивната професионалност и неселективност.

Јасно е дека Зоран Заев и СДСМ се исплашени од реакциите на јавноста во врска со насилничкото носење на законот за двојазичност и срамното лицитирање со националните интереси во преговорите со соседна Република Грција. Во ситуација кога економијата е пред колапс, а владата на Заев е целосно неспособна да ги испорача ветувањата со кои ги манипулираа граѓаните, сосем е очекувано повторно да се активира СЈО чиј мандат за отворање истраги и обвиненија истече уште во јуни минатата година.

Затоа Катица Јанева и СЈО продолжуваат политички да конструираат случаи без никаква правна основа. Јавноста мора да биде дефокусирана од целиот хаос што се случува во државата. Затоа се отвораат случаи за договори потпишани од Амбасадорот на ЕУ во Скопје или закони изгласани во Собранието.

Паниката во која што се наоѓа СДСМ не може да биде оправдување за несериозното и незаконско постапување. Правната држава ќе се врати откако ќе си замине оваа неспособна власт“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СЈО.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски