ВМРО-ДПМНЕ ја вдоми и сестрата на министерот Љутков во Музејот во Велес, велат од СДСМ

Од:

ДПМНЕ ја направи Македонија приватна фирма, за семејни вработувања на блиските на функционерите од власта. Семејството Андоновски е само еден во морето примери за непотизам и за семејно-партиски стебла вдомени на грбот на народот. Тате Љупчо е советник, бате Игор е началник, синот Стефан е министер, сите во Владата на Мицкоски. Не е само тате-бате-сине, има и бате-дада непотизам во Владата на Мицкоски, велат од СДСМ.

„Сестрата на министерот за култура Љутков е вработена во Музејот во Велес во овој период. Значи бате е министер во Владата на Мицкоски а дада е вработена во Музејот во Велес. Државните институции на ангро се полнат со роднини на функционерите на ДПМНЕ. Единствен критериум за некој да добие вработување е фамилијарните и партиските врски, ништо друго. И затоа младите и способни луѓе ја напуштат земјата“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ