ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ ја прекинува комуникацијата со власта

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата повеќе нема да се среќаваат со власта на билатерална основа, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Штип, при што посочи дека таквата одлука е донесена едногласно на Извршниот комитет на партијата.

– Комуникација со власта немаме, оваа недела имавме седница на Извршниот Комитет на партијата и донесовме едногласна одлука дека како ВМРО-ДПМНЕ ги прекинуваме сите комуникации официјални на билатерално ниво со претставници од владата, истакна Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата повеќе нема да се среќаваат на билатерална основа, официјално со претставници од владата.

Ние веќе година дена ги очекуваме Уставните измени бидејќи ако се сеќавате уште од минатата година јули месец почна оваа драма околу уставните измени, па требаше есента, па зимата 2022-ра, па префрлија во февруари, па не февруари туку мај, па јуни и јули еве дојде така што континуирано имаме еден процес на одложување, а процесот на одложување значи дека тие немаат поддршка што го прифатија без да ја консултираат опозицијата и без да го консултираат македонскиот народ“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека од друга страна кога народот заедно со опозицијата нуди решенија за национално единство и консензус тие континуирано играат на една карта, а тоа е интересот на Бугарија и континуирано ги одбиваат овие иницијативи кои ги дава опозицијата заедно со народот.

„Сакам да сме на чисто. Пред една година јас реков поднесувам оставка доколку ова помине, пред една година реков дека ВМРО-ДПМНЕ ова нема да го поддржи затоа што бугарскиот диктат е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Во меѓувреме на неколку наврати, и од овде од Штип се сеќавате на оној т.н хрватски модел за преамбулата на Уставот беше предложен и ставен на маса“, потенцираше Мицкоски.

Тој изјави дека имаа многу можности за национален консензус и да се излезе од оваа состојба.

„После една година можам да им кажам и на Ковачевски, Османи, Маричиќ и останатите дека повеќе нема ништо на маса. Има само една работа а тоа е да седнеме и да се договориме околу изборите. Кога ќе бидат изборите, како ќе бидат изборите, на кој начин со техничка Влада, немање техничка Влада или се она кое што е поврзано со изборите“, кажа Мицкоски.

Тој заклучи дека од овој момент па натаму повеќе нема да зборува за ништо што е поврзано со уставните измени туку единствената работа која ќе биде тема е да се седне на маса и да се разговара за брзи предвремени парламентарни избори оваа есен.

Би можело да ве интересира

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата