ВМРО-ДПМНЕ ја повикува СДСМ да продолжи работата на Комисијата за 24. декември

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да биде конструктивен дел од Комисијата за расчистување на настаните пред и на 24 декември во Собранието, како што беше и досега, изјави денеска Илија Димовски кој повторно апелираше до СДСМ активно да се вклучи во овој процес.

– Ние продолжуваме да влијаеме врз продолжувањето на работата на Комисијата. Тоа е еден од врвните приоритети што во моментов ги има Република Македонија и не заради политичките позиции на партиите туку заради интересот на Република Македонија и заради сите нејзини граѓани. Апелираме до СДСМ да се вклучи активно во овој процес, бидејќи целат која ја има овој процес не е да задоволи ниту една партиска агенда, ниту лична политилчка цел туку конечниот резултат од овој процес треба да биде подобрување на ефикасноста на работата на Собранието и одредени реформи кои треба да се спроведат за Република Македонија да може да продолжи понатаму, изјави Димовски.

Комисијата, според него, може да ја продолжи својата работа без претседател бидејќи е петчелна и веќе според утврден Деловник на работа на Комисијата.

Димовски потврди дека секојдневно членовите на Комисијата имаат средби со претставници на меѓународни и домашни организации. – Очигледен е интересот на повеќе субјекти околу работата на таа комисија, изјави Димовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: 24 декември е еден од најцрните датуми во нашата демократија, по девет години во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето

24 декември – се заборави и се повтори, одговорност никој не понесе

Наум Локоски

ВИДЕО: Насилно исфрлаше пратеници на СДСМ, сведок за 27 април, се уште го обезбедува Собранието

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Спасовски: 24 декември беше подлога за крвавиот четврток

Наум Локоски

ЦРМ: Одлуката на ЕСЧП е значајна победа во борбата за слобода на изразувањето во Македонија

Ана Ололовска

ЗНМ ја поздрави одлуката на Судот во Стразбур за случајот „Селмани и останати против РМ“

Ана Ололовска