ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа предлог измени на Законот за тутун

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесе Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за тутун, по скратена постапка во Собранието, со кој бара продолжување на рокот за откуп на тутунот до 31-ви март 2021 година, обезбедување на сигурност за склучување на договор за откуп и покрај тоа што е веќе поднесен приговор и допрецизирање на третманот на неферментираниот тутун.

Овие барања и предлог измени, како што рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески се гласот на тутунарите, соодвествуваат со барањата на тутунопроизводителите и со реалната слика во моментот.

– Единствената цел на овој закон е решавање на проблемите со кои се соочуваат тутунарите и конечно ставање крај на лагите, уцените, заканите и игрите кон македонскиот тутунопроизводител. Оттука, како подносители на овој предлог закон апелираме до владеачкото мнозинство, веднаш и без размислување да го прифати овој предлог за заеднички да помогнеме на македонските тутунари, порача Ристески.

Според Ристески, катастрофалната земјоделска политика на власта ги доведе тутунарите до работ на егзистенција, живеејќи од ден за ден, без да може да си го наплатат својот труд, чесно заработени пари и произведен тутун.

– Во овој момент, состојбата со откупот е срамна, цената на откупот е 160 денари што е за 60 денари пониска откупна цена од ланската. Нашите информации и искуства од терен покажуваат дека реалната цена е уште пониска и од тие 160 денари бидејќи се работи за вештачка и наштелувана цена. Од друга страна, се увезува тутун без никаква контрола и стратегија, 5000 илјади тони домашен тутун ќе остане неоткупен и ќе скапува по визбите, а македонските тутунари остануваат и ќе останат со празни раце, ниту тутун, ниту пари, изјави Ристески.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он