ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ оптимисти, СДСМ песимист за преговорите

Од:

И по денешната рунда разговори, претставниците на политичките партии кои разговараа со евро амбасадорот Аиво Орав, и со американскиот амбасадор Џес Бејли за надминување на политичката криза во земјава, излегоа со различни ставови околу напредокот на разговорите.
За СДСМ не станува збор за некои посебни поместувања, нема договор за лидерска средба.
„Не може да се преговара и да прифатиме во избирачкиот список да останат имиња кои ниту со теренски, ниту со вкрстени проверки не може да бидат верификувани. Ние сакаме список кој е соодветен на реалноста во земјата. Исто така, нема никакви сигнали дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да се откаже од контролата на медиумите “, изјави Рената Дескоска.
За Артан Груби од ДУИ има напредок и д со конструктивност, многу бргу може да се организираат фер и демократски избори.
„Јас сè уште сум оптимист и сметам дека напредок има. Ако има конструктивност од македонската опозициска партија, многу бргу може да имаме фер и демократски избори“, рече Груби.
Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека има поголем напредок и дека е поголем оптимист во споредба со вчера.
„ Стравот на СДСМ од избори и од соочување со граѓаните е повеќе од очигледен “, рече Тодоров.
Тој додаде дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се согласиле околу барањата на опозициската партија за избирачкиот список, а и во голем дел од предлозите за медиумите.
– Не се согласивме само околу казните за медиумите затоа што од СДСМ бараат поголеми казни, а ние – симболични, од едно евро – одговори Тодоров.
Одговарајќи на новинарско прашање дали оптимизмот го црпи од новата еврообврзница и од задолжувањето, пари кои, наводно, ќе се користат за популистички мерки, Тодоров рече дека задолжувањето не е причина за оптимизмот туку дека ВМРО-ДПМНЕ сака со инвестиции и со проекти да го направи животот на граѓаните подобар.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Муцунски, Ѓорѓиевски и Љутков го заглавија проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“

СДСМ: Им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија

(ВИДЕО) Филипче: Груевски од Будимпешта го контролира ВМРО-ДПМНЕ

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски