А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да не подлегнуваат на манипулации од СДСМ

by А1он17/03/2016 - 17:34189
Share0

СДСМ веќе не може да го сокрие стравот од изборите на 5 јуни и мора да прибегнува кон се поголеми лаги и манипулации за да се оправда за фактот дека нема поддршка од граѓаните за нивната деструктивна политика, соопшти попладнево ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Instagram Instagram

СДСМ, наведува во соопштението владејачката партија, на почеток почна со спорење на гласот на 1.000 граѓани, па го зголемија бројот на неколку десетици илјади, па потоа одеа со број помеѓу 150.000 и 200.000 граѓани за да дотуркаат до 500.000 граѓани кои се спорни за нивните медиуми. – Како што се зголемува стравот и паниката во СДСМ, така се зголемува и бројот на граѓани кои се спорни за СДСМ и нема да не зачуди доколку во наредните недели тој број порасне на 2 милиони, оценува владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ во соопштението наведува дека ги охрабрува граѓаните да не подлегнуваат на манипулациите и лагите кои секојдневно се лиферуваат од страна СДСМ и нивните медиуми и да ги зема со резерва.

– Единствената намера на СДСМ е да се креира хаос, тензија и криза бидејќи партијата може да егзистира само во такви услови. ВМРО-ДПМНЕ инсистирало и ќе продолжи да инсистира да се почитува основното демократско правило еден човек – еден глас. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да дава поддршка на институциите кои работат на спроведувањето на избирачкиот процес, се вели во соопштението.

Следете a1on на Youtube YouTube
dpmne

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 12:04

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Катерина Ѓуровски14/09/2026 - 12:36

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Катерина Ѓуровски29/08/2026 - 12:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео