ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка кривично да одговара за лагите

Од:

Градоначалникот на Крива Паланка, секојдневно минатава недела ширеше паника меѓу сожителите и јавно говореше невистини. СДС продолжува да биде промотор на лажни вести и тие се оние кои бараат селективна правда. Откако јавно Државниот инспекторат за животна средина утврди дека цијанид во водите на Крива река нема, СДС продолжи со своите лажни вести да обвинува кој стигне, но не погледнува во својот двор. Градоначалникот на Крива Паланка од редовите на СДС, Сашко Митовски, кој велеше дека за 100 пати над дозволеното имало цијанид во водите на Крива река, излезе дека излажал, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За овие изнесени лаги и ширење на паника меѓу сограѓаните, кривично се одговара. Иако бил свесен за изнесените лаги, Митовски за политички поени во пресрет на локалните избори, свесно ширел паника меѓу своите сограѓани во Крива Паланка. Ги повикуваме надлежните институции да го проследат овој однос на Митовски и да реагираат. За крај, да ја потсетиме јавноста дека цијанид над дозволената граница во Крива река, нема, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците