ВМРО-ДПМНЕ го повикува Заев да се изјасни за предлогот на Мицкоски

Од:

„Зоран Заев три дена молчи во врска со предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лица кои биле амнестирани да не се занимаваат со политика, како и лица кои се во политиката да не можат да бидат амнестирани.

Зоран Заев бега од предлогот на претседателот Христијан Мицкоски, затоа што е амнестиран криминалец за криминал од 8 милиони евра.

Зоран Заев се противи и на предлогот за испитување на потеклото на имот за политичарите, затоа што за милионите на Заеви нема оправдување“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев бега од предлогот политичарите кои се аспиранти за премиер да имаат статус на кандидат мандатар, за кандидатот кој ќе ги загуби изборите да се повлече од политиката и да не се крие зад пратеничкиот имунитет.

Зоран Заев гледа прибежиште за својот криминал во пратеничкиот имунитет. Тој мисли дека ќе се спаси од кривичен прогон.

Зоран Заев молчи затоа што е исплашен и знае дека аќе ги изгуби изборите на 12 април. Зоран Заев е премиер кој заговара амнестија, се плаши од испитување на потекло на имот, и не се откажува од пратеничкиот имунитет, зошто така мисли дека нема да одговара пред законите.

Зоран Заев треба барем да се охрабри и да каже дека не ги прифаќа предлозите на ВМРО-ДПМНЕ. За граѓаните да знаат точно за каков човек станува збор“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус