А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Главната пречка за напредок се Заев и неговата клептоманска влада

by А1он11/08/2018 - 09:19110
Share0

„Македонија е држава на многу проблеми, а изворот на сите тие проблеми е криминалната и коруптивна влада.

Следете a1on на Instagram Instagram

Не само што Заев и СДСМ не се борат против корупцијата, туку криминалниот картел сместен на „Илинденска бб“ стана главното дувло на корупцијата во Македонија. Македонија за прв пат во историјата доби негативен извештај од Советот на Европа за справувањето со корупцијата. Владата на Заев и СДСМ добија незадоволителна оценка за борбата со корупцијата.

Европа не може да замижи пред низата криминални тендери и грантови доделени на високи државни и партиски функционери на СДСМ. Европа не може, а да не го види холивудскиот грабеж кој СДСМ го спроведува во Македонија, грабеж во кој за само неколку недели тежеше афери од 45 милиони евра државни пари.

Криминалното владеење на Зоран Заев додека беше градоначалник на Струмица и неговите методи ,,Едно евро за Вицето, едно евро за црквата’’, сега ги употребува додека седи во премиерската фотелја. По стапките на Заев чекори и целата локална и централна власт, бидејќи знаат дека на крајот тие како и нивниот шеф ќе биде амнестирани од заробениот правосуден систем под контрола на СДСМ. Но тоа не ги амнестира од одговорност, затоа што владеење на правото мора да има.

Следете a1on на Youtube YouTube

Јасно е дека антидржавните политики на Заев и СДСМ нема да не доближат до ЕУ и НАТО. Повеќе од јасно е дека Зоран Заев и неговата криминална влада се единствената пречка на Македонија до остварување на целта за членството во ЕУ и НАТО. Главниот проблем е криминалниот картел на власта, и клептоманската влада која управува со државата.

Македонските граѓани немаат проблем со својот идентитет туку со криминалните грантови и тендери кои станаа главна валута за исплата на партиските послушници.

Народот знае дека за Македонија да победи, Зоран Заев мора да си замине!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnevlada

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 12:04

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Катерина Ѓуровски14/09/2026 - 12:36

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Горан Наумовски09/09/2026 - 13:28

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски08/09/2026 - 14:1608/09/2026 - 15:12

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:3006/09/2026 - 12:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео