ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

Од:

„Во свое појавување пред медиумите, Венко Филипче рече дека тој не бил бизнис партнер на Зоран Заев во градбата на висококатница во Дубаи. Но со тоа, пак, потврди дека Заев сепак таму гради зграда висока 42 ката. После оваа јавна потврда, во јавноста се јавуваат нови дилеми, на кои Филипче треба да даде одговори, како на пример, како дошол до златната виза за Дубаи. Кога пред извесно време во јавноста се појави темата со златна виза на Филипче за Дубаи, тој се правдаше дека истата ја стекнал поради работен ангажман додека бил во напредни преговори и разговори со некоја тамошна болница“ соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат „Тој отиде до таму за што тврдеше и дека сето ова е така и со докази и документи ќе го докажел. Доколку Филипче навистина бил на работа во Дубаи, договарал работа во некоја болница или што и да има измислено за оваа лага, бидејќи веќе ни тој самиот не се сеќава, нема да му биде проблем да ги покаже документите. Но, до ден денес, Филипче не покажува документи за некаков договор или преговори за работен ангажман со некоја тамошна болница. Тоа е така, најверојатно, поради тоа што таквите документи, очигледно, ги нема“.

„Од друга страна имаме сведоштво на Тома Аврамски, поранешен соработник на Зоран Заев, кој рече дека ја видел 42-катницата која тој ја гради и дека бил во зградата во која Заев и Филипче имаат станови. Но, Филипче како што не објави документи за разговори за работен ангажман, така не одговори дали има или нема стан во Дубаи и дали тоа е причината за добивање на златна виза“ велат од ВМРО-ДПМНЕ и дообјаснуваат:

„за да се здобиете со златна виза, во Дубаи треба да се има минимум инвестиција од 500.000 долари, но до оваа сума на пари не се стигнува со докторска и пратеничка плата“.

Бараат „Филипче да не молчи, кога веќе не објавува документи за наводен работен ангажман, туку да одговори дали златната виза е поради влог во Дубаи од минимум 500.000 долари и на кој начин ги има тој заработено овие пари?“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС, ДУИ и Левица не им поминува лошиот политички театар со кој свесно го блокираат Изборниот законик

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски нема ниту еден резултат, реконструкцијата е само замена на имиња и нема да смени ништо

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ