ВМРО-ДПМНЕ: Економските политики на Владата даваат резултати за сите, повисоки пензии за 7000 денари, реален раст на платите од околу 7 проценти

Од:

За нешто повеќе од една година власт, придобивките од добро осмислените економски политики ги чувствуваат сите граѓани.

Економските политики на Владата се за подобрување на стандардот на сите граѓани. Меѓу нив се и пензионерите.

Заклучно со следната пролет вкупното покачување на пензиите ќе достигне седум илјади денари, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека се грижи за секој пензионер и затоа падна одлуката да има покачување на пензиите подеднакво за сите.

Промените ги чувствуваат околу 300.000 пензионери во Македонија.

Промените водат кон тоа пензионерите да не се мачат да го поминат месецот, туку полека се создаваат услови за нивен достоинствен живот.

Дека Владата се грижи за секој граѓанин покажуваат бројките.

За година и половина реалната плата двојно порасна.

Или бројките велат дека во период од јули 2024 до јули 2025 година, растот на реалната плата е скоро 7 проценти, а за време на СДС од јули 2017 до јули 2024 година растот бил само 3,5 проценти.

Овие бројки се резултат на соодветно проектираните економски политики од кои секој еден граѓанин гледа придобивка.

Ова јасно говори дека ВМРО-ДПМНЕ мисли на граѓаните, а СДС само на поединци или на лични интереси.

Овие промени ја трансформираат Македонија! Македонија оди напред, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

Левица: Предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите

Левица: Со Ристов на чело РКЕ ќе остане инструмент во рацете на бизнис – политичките структури

Почина Кирил Слезенковски – советник од Левица во општина Илинден

А1он

Апасиев и Мециновиќ ја посетија кубанската амбасада во Софија, изразија солидарност со народот на Куба

А1он