ВМРО-ДПМНЕ: ЕК да го појасни барањето за формирање „што е можно поширока влада“

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од Европската комисија да појасни на основа на кој дел од Уставот на Република Македонија ЕУ очекува претседателот на државата Ѓорге Иванов да определи лидер за формирање на, како што наведуваат, „што е можно поширока влада“.

– Македонија нема време за чекање, но портпаролката на Европската Унија Маја Коцијанчич треба да објасни на основа на кој дел од Уставот на Р. Македонија ЕУ очекува претседателот Иванов да определи лидер за формирање на „што е можно поширока влада“, како што вчера ЕУ објави преку Коцијанчич. За да нема недоразбирање и дилеми кај македонската јавност пожелно е одговорот на ЕУ, исто така, да биде јавен, се наведува во соопштението од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, секоја држава, особено источно европските земји, има потреба од континуирани реформи преку промени на законите, за кои понекогаш е потребно и поголемо мнозинство како што е двотретинското кое во Македонија е неопходно за промена на некои закони.

– Сепак, земјите ретко составуваат влади со двотретинско мнозинство. Дури и во таква ситуација некои од нив понекогаш преку разговори и дебата со опозицијата во Парламентот успеваат заеднички да изгласаат закони за чие прифаќање треба поголемо мнозинство во Парламентот отколку тоа што го има владејачката коалиција. Такви случаи имаше многупати и во Македонија, кога владејачката гарнитура успеваше за некои реформски закони да обезбеди поддршка во Парламентот од опозицијата, што говори дека и без двотретинско мнозинство може да се прават реформи. Оттука, би сакале да прашаме дали ЕУ има воспоставена пракса при секое формирање на влада во земјите членки на ЕУ и кандидатите за членство, јавно да повикува на создавање на „што е можно поширока влада“, или тоа е само исклучок за Македонија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски