ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се прочитани и никој не им верува

Од:

Единствено на што е посветена ДУИ е на криминалот, Груби на црна листа на САД е доказ за тоа. ДУИ седум години наназад имаше можност да покаже дека е посветена на Македонија, тие покажаа само дека се посветени на тоа да смислат како нешто да украдат од државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со години ДУИ игра на картата на меѓуетнички тензии, и ги злоупотребува Албанците. Сега веќе ДУИ се прочитани и никој не им верува. На сите им е јасно дека борбата на ДУИ е за пари. ДУИ наместо да штити криминалци како Груби, подобро ќе биде ако се посвети на сопствена реформа и расчистување со криминалците во своите редови. Време е ДУИ да спознае дека во Македонија нема место за криминалци во политиката, и да не бидат закрила повеќе на таквите во сопствените редови“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат