ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во заложништво на Заев и неговиот картел

Од:

„Една година СДСМ, една година лаги и манипулации. Државата е во заложништво на Заев и неговиот картел. Граѓаните одлучно и решително излегоа и се спротивставија на криминалите на оваа власт предводена од Зоран Заев.

Пораката што ја испратија граѓаните беше повеќе од јасна. Доста беше уривање на достоинството и продажба на државните и националните интереси. Граѓаните гласно кажаа НЕ за злоупотребата на институциите, нарачаните политички прогони, економската стагнација, осиромашувањето од страна на картелот на власт.

Се она што го ветуваше СДСМ го излажа. Нема 500 евра плата, нема 100.000 денари плата за лекарите, нема поврат на 15% ДДВ, нема социјална помош од 12.000 денари, бесплатно болничко лекување, и нема 600 километри нов автопат и 550 километри магистрални патишта.

Една година се на власт а ништо не успеаја да направат. Единствено што го направија е тоа што го зголемија јавниот долг над 5 милијарди евра, а ја зголемија и акцизата на дизелот со што граѓаните дополнително осиромашуваат.

Република Македонија нема иднина додека е СДСМ на власт. Државата мора да се врати на вистинскиот пат. Граѓаните заслужуваат просперитетна иднина, квалитетен живот и сигурна и безбедна иднина за нив и за нивните деца.

Време е да се стави крај на криминалните политики на Зоран Заев и картелот.

Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори заедно со претседателските, техничка влада 100 дена пред избори и претседател на ДИК по предлог на опозицијата. Само така ќе се креираат еднакви услови за фер избори.

Република Македонија заслужува подобро. Граѓаните заслужуваат подобро“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп