ВМРО-ДПМНЕ до Костадинов: Фатени на дело во непотизмот, сега лажно морализирате и манипулирате  

Од:

Фатени на дело во непотизмот Костадин Костадинов и СДСМ сега лажно морализираат и манипулираат, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Тие наместо мерит систем во администрацијата, на големо создаваат „Мира Дизел систем“ во кој секој ден гледаме како пратеници, министри, заменици министри, директори од власта вработуваат свои блиски роднини во администрацијата за високи плати далеку над просечната плата која ја добиваат граѓаните.

Дури и лажното морализирање го претворија во фарса кај што се пазарат – еден да се повлече двајца да останат вработени. Срамота! Како тргнале со манипулациите не би не зачудило Костадинов на следната прес-конференција да обвини дека Христијан Мицкоски ги вработил на сила неговата мајка, кумот на Фросина Ременски, синот на Милева Ѓорѓиева, братот на Славица Шуманска или бабите, дедовците, сестрите и фризерките на високите партиски функционери на СДСМ“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?