ВМРО-ДПМНЕ: Бришењето на името Република Македонија е трагедија, а не „компромис на деца од градинка“

Од:

„Бришењето на името Република Македонија, менувањето на Уставот, откажувањето од историјата, традицијата и културата за секој Македонец е трагедија, а не компромис на деца од градинка.

Негирањето на македонскиот идентитет е срам за секој што се чувствува Македонец, освен за некој што е уценет и подготвен ма се само за да го прикрие криминалот.

Вечерашниот настап на Зоран Заев е уште една потврда за трагедијата што се случува во државата под водство на овој човек.

Тој вечерва споредувајќи го капитулантскиот договор со Грција со примери како „компромис на деца во детска градинка” и останати примери од секојдневниот живот, уште еднаш на македонските граѓани им потврди со која несериозност, неодговорност, ноншалантност и антидржавно однесување пристапил кон овој капитулантски договор со кој се подрива нашиот идентитет, нашата државност и историја.

Зоран Заев вечерва уште еднаш ја презентираше неговата леснотија и несериозност кон овој договор кој е штетен за Република Македонија. Таков однос кон оваа сериозна тема немал досега ниту еден друг политичар во државата. Граѓаните се свесни дека тоа што во овој момент го прави Заев не го направил ниту еден друг политичар.

Трагично е тоа што Зоран Заев мисли дека со хумористични досетки и неиздржани и несериозни примери и споредби може да го смени мислењето на граѓаните за оваа исклучително сериозна тема. Тоа само говори за каков човек станува збор.

Граѓаните на Република Македонија поседуваат политичка свест и зрелост, поддржуваат и посакуваат членство на РМ во НАТО и ЕУ, но не поддржуваат штетни и антидржавни политики, неодговорно и криминално работење што се одлика на Заев и неговите соработници“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче