ВМРО-ДПМНЕ: Богоев на својата другарка Лукаревска и дава наредби за дисциплинирање на своите неистомисленици

Од:

„Недозволиво е во едно демократско општество носител на функција во една толку важна установа како што е УЈП да функционира по партиски директиви. Дали во страв од пораз на локалните избори Стефан Богоев на својата другарка Сања Лукаревска и дава наредби за дисциплинирање на своите неистомисленици.

Сепак тие учат од својот шеф Зоран Заев па токму чекорат по неговите стапки и практикуваат селективна правда и селективна употреба на законите. УЈП стана институција која за едни е мајка, а за други макеа.

Прва задача на инспекциите е да укажуваат, а не да казнуваат ветуваше Заев пред изборите, а сега прават се спротивно. Ова е типично за Заев едно да зборува, а друго да прави. Тоа народот го вика лажење. Ова е очигледен показател за нивната дволичност. Кaко и за многу други работи, така и за тоа покажаа дека безочно ги лажеа граѓаните.

Другарот Богац и другарката Лукаревска катанците на скопските локали ги направија секојдневна слика и успеаа да го замрат животот по скопските кафулиња. Инспекциите мора да работат соогласно законите, а не соогласно партиските директиви.

Но ова нема да помине граѓаните се свесни дека СДС и нивните функционери ги партизираат сите пори на македонското општество и се служат со селективна правда. Казната за ова ќе следи на локалните избори на 15 октомври, а за секое работење спротивно на законите ќе следува и кривична одговорност“, изјави Филип Ѓеоргиев.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

Илјадници активни даночни обврзници вршат дејност и остваруваат промет без фискален уред, УЈП најавува контроли