ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на концепцијата за реформи во основното образованието

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес на Комисијата за образование, наука и спорт побара повлекување на концепцијата за реформи во основното образованието и одржување на итна јавна расправа во Собранието на Република Македонија. Доста со глумење на некаква јавна расправа. Јавна расправа нема. Мила Царовска дозволи пишување на писма до неа, но тоа не е и не може да биде јавна расправа – рече на прес конференција пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска.

-Негативните критики се се почести околу концептот на интегрирање на предмети особено на предметите историја и географија и со демантите од бројни здруженија излезе на виделина дека Царовска сака да манипулира со јавноста дека се работи за некаков фински модел кој што ќе значи укинување на предметот Историја и други предмети односно нивно интегрирање. Потребна е вистинска јавна расправа овде во Собранието со вклучување на сите релевантни чинители, со цел оваа реформа навистина да се унапреди и да се подобри квалитетот на образованието во Република Македонија. Реформите во образованието мора да бидат резултат на изграден национален став кој што ќе биде создаден од тимови од реномирани и докажани експерти во областа, а не партиски експеримент на министерката Мила Царовска кој што има многу мани и недоследности за кои реагираа скоро сите кои се дел од образовниот систем во Македониј – вели Ласовска во имe на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ:

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?