ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара да се одложат изборите за градоначалник во Штип и Пласница поради епидемијата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ бара предвремените локални избори во Штип и Пласница да бидат одложени поради тоа што, како што велат од партијата, нема нормални услови за нивно одржување имајќи ги предвид големиот број новозаразени од КОВИД-19. Тие бараат во наредните три дена власта да ги одложи изборите поради корона-кризата, но не прецизираат дали доколку тоа не биде направено ВМРО-ДПМНЕ би имала свој кандидати за градоначалници.

-Изразуваме длабока загриженост за развојот на здравствената и економската врзана со ковид заразата. Евидентно е дека Владата, Зоран Заев и министерот Филипче немаат контрола над работите и исклучително лошо менаџираат со целокупната состојба. Воедно за ова говори и фактот што за два дена имаме над 40 мртви и речиси двеипол илјади новозаразени со КОВИД-19. Нашата земја е на самиот врв во регионот по бројот на заразени и по бројот на починати споредено со бројката на направени тестови. Сето ова укажува на тоа дека нема услови за одржување на локални избори во Штип и Пласница и дека истите треба да се одложат се до обезбедување на пристојни и нормални услови за функционирање и фер изборна кампања, што беше и едногласен став на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, рече Дафина Стојановска по завршувањето на седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Денешните 1.192 новозаразени, како што рече, се нови 1.192 причини за одложување на изборите се до обезбедување на нормални услови со кој би се гарантирало здравјето на граѓаните.

-Не може власта да бара задолжително носење на маски, а да очекува партиите да водат нормална кампања. Не може да има забрана за собири на повеќе од четири лица, а Владата на Заев да очекува дека изборите во Штип и Пласница нема да го загрозат здравјето на граѓаните. Изборот за градоначалник на Штип со мандат од само 9 месеци може да почека, но заштита на здравјето на Македонија не смее да се занемари. ВМРО-ДПМНЕ никогаш порано и никогаш во иднина нема да води некрофилска политика. Мора да се однесуваме одговорно и граѓаните тоа го бараат од нас. Избори да, но не и по цена на животите на луѓето, истакна таа.

Стојановска рече, дека дополнително на ова, тие како најголема опозициска партија не биле прашани за датумот за одржување на изборите. Не прецизираше, дали доколку власта одлучи изборите да се одржат ВМРО-ДПМНЕ би имал свои кандидати за градоначалници.

-Морам да потенцирам дека и за одредениот датум за одржување на овие предвремени локални избори воопшто не сме консултирани како најголема опозициска паритја. Но, еве сепак пред се за здравјето на граѓаните, има рок од три цели дена да наидеме на разум кај партијата на власт. Сепак доколку тие одлучат да се одржат изборите на тој датум, тогаш треба да одлучат дека ќе ја сносат одговорноста односно вината за сето она што може да се случи во текот на таква кампања и во текот на целиот изборен процес. Мислам на жртвите и на заразените, рече Стојановска одговарајќи на новинарско прашање по седницата на Извршниот комитет на партијата.

Изборите за градоначалници на општините Штип и Пласница се организираат откако претходните градоначалници стапија на други функции. Градоначалникот на Штип Благој Бочварски сега е министер за транспорт и врски, а на Пласница е пратеник.

СДСМ вчера објави дека кардиологот и актуелен партеник Сашко Николов е кандидат на партијата за претсојните предвремени избори за градоначалник на Штип.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Сплотени, сите заедно од Шуто Оризари порачуваме дека на 24 април победува Силјановска Давкова

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ниту еднаш не го нападна, ниту искритикува ДУИ, тие се сијамски близнаци

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски е извор на говор на омраза, тој се смееше и аплаудираше додека активист на СДС ја навредуваше Силјановска

Мисајловски: Куманово има преубава позитивна енергија која води до Силјановска Давкова

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на СДС и ДУИ носи негативни извештаи, Фридом хаус констатира назадување во борбата со корупцијата и влијанија во судството

Горан Наумовски