ВМРО-ДПМНЕ бара оставки и одговорност од Османи и од Маричиќ поради поткопувањето на државните интереси

Од:

Два дена молк од страна на Ковачевски, Османи и Маричиќ за тоа кој направил, кога направил и каков хибриден напад имало во Македонија. Нема ниту одговорност зошто доколку имало хибриден напад во државава не бил спречен на време и зошто институциите дозволиле ова да се случи велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Логично се поставува прашање дали со дефокус на јавноста со наводниот хибриден напад во државата, Ковачевски, Османи и Маричиќ сакаат да избегаат од одговорноста за целосниот дебакл во преговорите со Европската унија и трајно уништените преговорачки процеси. Лагите и манипулациите дека го немале видено или не го добиле францускиот предлогот се срушија како кула од карти, па под притисок на граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ, мораше Ковачевски да се повлече и да глуми загрижен патриот. Граѓаните добро знаат дека повеќе од 6 месеци овој штетен предлог кој ги руши сите државни интереси и позиции, го преговарале и договарале, Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ, но поради случувањата во Бугарија и откривањето на целиот предлог во Македонија мораше да се откажат од предавничката позиција. Целиот план на владата на СДСМ и ДУИ беше разоткриен. Одговорност и оставки за Бујар Османи и Бојан Маричиќ за рушење на македонските национални позиција, како и нарушување на преговорачките позиции со ЕУ. Изборите се единствено решение за излез од оваа катастрофална политика на СДСМ и ДУИ во преговорачкиот процес се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски