ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев, Мојсоска и Мециновиќ додека глумат револуционери ја користат партијата за лично богатење

Од:

Левица грчевито се обидува да го одвлече вниманието на јавноста од вистината. Обвинувањата на Левица за наводен неовластен упад во нивните банкарски сметки се очаен обид за прикривање на вистината. Податоците кои излегоа во јавноста за трансакциите од партијата кон личните сметки на раководството се од свиркачи од јадрото на Левица кои се разочарани, кои одвнатре ја гледаат хипокризијата на партијата, двојните стандарди и лицемерието на раководството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Левица потврди дека партијата не се води по идеолошки принципи, туку исклучиво заради финансиски интереси на тесен круг привилегирани поединци. Левица под плаштот на идеологијата и празната реторика дека се скромни, чесни и неподмитливи всушност се обидуваат да прикријат дека партијата им функционира како приватна фирма од која се богатат поединци. Апасиев, Мојсоска и Мециновиќ додека од говорница глумат револуционери и борци, во реалноста ја користат партијата како инструмент за лично богатење и билдање на приватните трансакциски сметки. Апасиев над 700 илјади денари ставил во сопствениот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните преку Буџетот на државата. Мојсоска иако е пратеник само годинава од партијата инкасирала 3 пати по 54 000 денари. Јавноста го виде вистинското лице на Левица кои под закрила на идеологија, покажаа дека всушност се добар бизнис проект за полнење на сопствените џебови, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски