ВМРО-ДПМНЕ: Анѓушев си доделил тендер сам на себе

Од:

„Кочо Анѓушев си додели тендер сам на себе од 2.6 милиони евра и тоа од државната фирма ЕЛЕМ на својата фирма „Фероинвест“.

Можеби Кочо Анѓушев се откажа од својата плата кога стапи на функцијата, но очигледно своето домашно салдо го надокнадува со тендерите. И тоа ни помалку ни повеќе, туку милионски тендери во висина од 2.6 милиони евра.

Смешно е образложението на Кочо Анѓушев дека ништо не е спорно во добивањето на тендерот од страна на неговата фирма „Фероинвест“ во ЕЛЕМ.

Анѓушев, се обидува да ја изманипулира јавноста, со смешно оправдување дека тој не е управител на фирмата „Фероинвест“, туку дека управител е друго лице, а тој е само сопственик.

По таа логика, утре фирма во сопственост на министерот за здравство може да ги снабдува болниците со лекови. Фирма во сопственост на министерот за одбрана, може да ја снабдува војската со муниција и униформи. Фирма на министерот од МВР, може да ја снабдува полицијата со оружје и опрема.

Ако ова не е конфликт на интереси за Социјал-демократскиот сојуз, тогаш не знаеме што е конфликт на интереси.

Замислете каков скандал ќе беше пред 1 година доколку владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините вицепремиери добија тендер од ЕЛЕМ во висина од 2.6 милиони евра.

И малите деца знаат дека ова е скандал од огромни размери. Вицепремиерот во владата на Заев и Социјал-демократскиот сојуз, си додели тендер сам на себе во висина од 2.6 милиони евра.

Ние предупредивме уште претходно за ваквите „бонбона бизнис” намери на оваа влада, дека нивната цел е само личниот интерес и личното богатење со парите на граѓаните, а тоа се потврди и изминатите 100 дена.

Исто така и предупредуваме дека постои реална и сериозна опасност, преку воведување на либерализацијата на пазарот на струјата, крајната цел да биде милионски профит на фирмите на Кочо Анѓушев.

Затоа, уште еднаш го повикуваме надлежното Јавно обвинителство да утврди кривична одговорност за тоа како се влијаело и под кои услови тендерот паднал во рацете на фирмата „Фероинвест“ која е во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Исто така, го повикуваме Кочо Анѓушев, после овој срамен скандал каде што на најдрзок можен начин се обиде парите на граѓаните да ги смести во својот џеб, да си поднесе неотповиклива оставка и никогаш повеќе да не помисли да ги стави своите раце и да располага со народните пари.

Граѓаните бараат одговорност. Граѓаните ќе стават крај на ваквото криминално работење на 15-ти октомври кога ќе кажат што мислат за нечесното работење на владата на Зоран Заев и владата на Социјал-демократскиот сојуз“, изјави Златко Перински, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски