ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат

Од:

Левичарите од Али Експрес како Димче Апасиев и Амар Мециновиќ, па дури и целото раководство од президиумот, си измислуваат лажни приказни во кои само тие си веруваат и мислат дека и народот ќе им верува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Откако јавноста виде со какви луѓе располага Левица, од типот на Амар Мециновиќ, човек кој лаже дека е дипломиран, а има 7 предмети положено на факултетот на кој е запишан, човек кој не знае колку јавни претпријатија има градот Скопје, човек кој не знае колку средни училишта има во градот Скопје, човек кој не си ги знае булеварите низ градот, ниту пак проектите кои му се во програмата, посегна по глумење на жртва и ширење на лажни вести низ медиумскиот простор.

Токму тие лажни вести кои се обидуваат да ги шират во јавноста, во недела на 2 ноември ќе ги разбудат од овој нивен сон кој го сонуваат. Реалноста е сосема поинаква од тоа што тие го живеат. Затоа граѓаните својот глас ќе го дадат за вистинскиот избор, а тоа е Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ! Заокружете го бројот 9, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски