ВМРО-ДПМНЕ: Ако Царовска водеше грижа немаше да го укине додатокот за трето дете

Од:

„СДСМ на чело со Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и понатаму продолжуваат да ги лажат граѓаните во државата.

Не им беа доволно лагите до сега, па сега удрија и по најмладата категорија на граѓани.“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„СДСМ само се фали дека се отвараат нови градинки, објекти и центри за ран детски развој, а не кажуваат кои се точно тие објекти. Тоа само покажува дека ова е уште една нивна лага.

Ако Царовска водеше грижа за децата во нивниот детски развој немаше да ги намали платите на вработените во тие објекти.

Ако Царовска водеше грижа немаше да го укине додатокот за трето дете.

Ова се доволни докази кои покажуваат дека Царовска ги лаже граѓаните на Република Македонија.

На граѓаните на Република Македонија им е потребно влада која ќе води грижа за нив, почнувајќи од најмалата категорија на граѓани. Затоа на следните парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада и која целосно ќе се посвети за доброто на граѓаните.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ