СДСМ: Нови четири градинки со капацитет да згрижат 552 деца

Од:

„Вложувањето во развојот на децата во предучилишна возраст е вложување во нашата иднина.

Затоа, СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерките кои обезбедуваат поквалитетно предучилишно образование.

Се потпишаа првите четири договори за општините Кочани, Неготино, Кисела Вода и Кавадарци кои добија грант за изградба на нови градинки во кои ќе се згрижуваат вкупно 552 деца.“, информираат од СДСМ преку соопштение.

„Вкупниот износ е над 3,5 милиони евра и обезбеден од Светска банка.

Покрај овие 4 договори, во периодот кој следува, договори за грантови за нови градинки ќе потпишат уште 13 општини.

Со тоа се исполнува зацртаната цел, опфатот на деца во градинките за четири години да се зголеми за 50%.

Во периодот од мај 2017 до мај годинава Владата предводена од СДСМ преку Министерството за труд и социјална политика изгради и опреми вкупно 31 објект од кои 24 се градинки, а 7 Центри за ран детски развој.

Дополнително во тек е изградба и опремување на уште 12 објекти од кои 8 се градинки и четири центри за ран детски развој.

Тоа се вкупно 43 градинки низ целата територијата на државата.

Освен во изградба на нови објекти, се зајакнува кадарот во градинките, им се враќа достоинството на воспитувачите, се зголемуваат платите и се подобруваат условите за работа.

Денес, стручниот кадар или над 3.100 вработени имаат повисока плата за 16 % што е околу 3.000 денари во нето износ по вработен.

Развојот и унапредување на системот на детска заштита за СДСМ останува врвен приоритет.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски