ВМРО-ДМПНЕ повторно на протест: Заев го продава идентитетот и лаже

Од:

ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот денеска повторно излегува на улица. Излегува на улица затоа што Заев повторно излажа дека не преговарал за името, идентитетот, јазикот, историјата. Заев изјави дека е постигнат напредок во преговорите меѓу комисиите, претставниците на комисиите изјавија дека нема напредок што значи дека Заев лаже – велат од ВМРО-ДПМНЕ во најавата на денешниот протест закажан за 13 часот пред Владата.

„Заев изјави дека не преговара за идентитетот додека претставници на историските комисии потврдија дека камен на сопнување е токму зборот македонски што е фундаментот на нашето идентитетско определување.Заев кажа дека има напредок за 5 историски личности, претставници на комисиите изјавија дека нема дефинирано заклучоци и има нула напредок и на тоа поле. Заев изјави дека се пред договор за 11 записници од средбите на историските комисии додека бугарската страна го негира тоа. Заев се откажа јавно од антифашистичкото наследство со самото тоа што Бугарите ги прогласи за ослободители наместо окупатори во Втората светска војна“ – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Франција на улиците испраќа воена единица формирана по терористичките напади во 2015 година

(ВИДЕО) Сопственичка на златарница во Лион гледала во живо како ограбувачите ѝ ја уништуваат продавницата: „Полицијата не дојде“

Бесот поради скапите станови ескалира во Португалија: Судири со полицијата, приведени десетици демонстранти

Предраг Петровиќ

Маѓар за насилството во Франција: Затоа Унгарија не попушта по прашањето за миграцијата

Марин Ле Пен: Франција е во длабока криза што ја загрозува демократијата

(ВИДЕО) Ескалација на протестите во Тирана: Илјадници демонстранти бараат оставка од Рама, полицијата употреби солзавец и водени топови