А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Влезот во ЕУ ќе се наплаќа 7 евра: Нови правила и крај на слободниот премин

by А1он21/08/2024 - 16:443033
Share0

Од мај следната година граѓаните од Западен Балкан, односно Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, како и Молдавија и Украина, ќе треба да платат виза од седум евра за влез во Шенген зоната.

Добивај вести на вибер

Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Џонсон потврди дека Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS), според кој британските и другите граѓани ќе треба да аплицираат за укинување на визите пред да влезат во ЕУ, најверојатно ќе стапи на сила од мај следната година.

Тој ќе важи и за граѓаните на други земји на кои не им треба виза за влез во ЕУ, како што се САД, Австралија и Канада, пишува Гардијан.

Системот ETIAS ќе бара од државјаните кои не се членки на ЕУ да аплицираат за патна дозвола од седум евра пред да влезат во Шенген зоната, која ги вклучува 27-те членки на ЕУ, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија. Дозволата ќе трае три години, односно до истекот на пасошот на патникот.

Патниците ќе треба да дадат лични податоци на интернет, како што се адреса и вработување, како и проверка на евентуално кривично досие и информации за контакт во земјата на дестинација. Повеќето барања се очекува да бидат одобрени во рок од неколку минути, но некои одлуки може да потраат до 72 часа.

Во меѓувреме, ЕУ потврди дека на 10 ноември годинава, односно половина година пред имплементацијата на системот ETIAS, по неколку одложувања, ќе почне да функционира системот за влез и излез (ЕЕС) за земјите од Шенген зоната.

EES ќе бара од патниците да обезбедат биометриски податоци како што се отпечатоци од прсти и слики од лицето на границата. Тоа е дел од мерките кои имаат за цел да им го отежнат влезот на криминалците или терористите во ЕУ со лажни пасоши. Според првите предвидувања, системот требаше да биде оперативен во 2022 година.

eusengenvizi

Би можело да ве интересира

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:28

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Горан Наумовски24/02/2026 - 13:19

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:14

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:13

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Горан Наумовски19/02/2026 - 06:48

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Горан Наумовски12/02/2026 - 14:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен